Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Арсенал сака да го донесе Лерој Сане како слободен играч
    Фудбал

    Арсенал сака да го донесе Лерој Сане како слободен играч

    risteBy riste19/11/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Арсенал има сериозен интерес за крилниот напаѓач на Баерн (Минхен), Лерој Сане. Последните денови се повеќе се појавуваат информации дека „топчиите“ се насочиле кон овој играч, а уште една доаѓа од авторитетното германско издание „Билд“, кое потврдува дека германскиот интернационалец може да се пресели на „Емирати“ на лето.

    Се вели дека лондончани дури почнале да му се додворуваат на играчот. Клубот контактирал со неговите агенти и започнале прелиминарни разговори за можен трансфер. Идејата е Сане да пристигне во клубот како слободен играч откако ќе му истече договорот со Баерн на крајот од сезоната.

    Лично, менаџерот Микел Артета притиска Сане да биде доведен во клубот. Тој добро ги знае неговите квалитети од времето заедно во Манчестер Сити и знае како најдобро да ги искористи неговите силни страни.

    28-годишниот Сане во Баерн пристигна токму од Манчестер Сити во 2020 година за 50 мил. евра. Со баварскиот тим има 186 натпревари, 51 гол и 50 асистенции. Тој е и германски репрезентативец со 66 натпревари и 14 голови за Бундеслигата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.