Весникот – „Дејли мејл“ повикувајќи се на одредени извори, наведува дека во 2022 година, кога Ливерпул преговарал за продолжување на договорот со Мохамед Салах, тогашниот менаџер, Јирген Клоп, верувал дека Ентони кој играше за Ајакс, може да го замени Египќанецот.
Потоа, Бразилецот беше купен од Манчестер Јунајтед а Ливерпул успеа да се договори со Салах за продолжување на соработката.
Ентони во сезонава има 2 натпревари во Премиер лигата без гол додека Мохамед има 8 гола и 6 асистенции на 11 натпревари.

