Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, проговори за неговиот однос со менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола.
„Тој е најдобриот тренер во светот и веројатно најголемиот во историјата“ -изјави норвешкиот интернационалец за –„Sky Sports“.
Се очекува шпанскиот фудбалски стартег да го продолжи договорот со Сити до 2027. Во исто време „граѓаните“ преговараат за нов договор и со Халанд.