Андреј Темов, кој неодамна беше дел од тенискиот фестивал за играчи до 12 години организиран од Академијата Рафаел Надал, гостуваше на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.
„Одлично си поминав во Мајорка, одиграв во сингл и во двојки. Во првото коло победив тенисер од Шпанија. Имав многу добри мечеви и задоволен сум. Целата организација беше одлична, имавме средба и со Карлос Моја, кој му беше тренер на Рафаел Надал. Тој е мој идол“ – вели Темов во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.
„Претходно имав одлични настапи и на развојниот турнир во Турција. Таму го освоив првото место иако имав тешки противници. Тренинзите ги работам групно во клубот – „МТП“ и индивидуално со помош на мојот брат и на мојот татко. Сакам да играм агресивно и да користам „форхенд“ – нагласи нашиот актуелен шампион во категорија до 12 години во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ кое може да го проследите на следнив ЛИНК.