Тренерот на Барселона, Ханзи Флик на прес-конференција потврди дека ѕвездата на тимот Ламин Јамал ќе го пропушти утрешното гостување кај Селта. Германскиот стручњак не покажа грижа за отсуството на 17-годишниот суперталент, иако Каталонците во негово отсуство пред паузата загубија со 1:0 од Реал Сосиедад.
„Против Реал Сосиедад не одигравме добро и тоа беше причината за резултатот, а не дека Ламин не играше. Тој е многу важен за нас, но можеме да се прилагодиме со други играчи кои можат да дејствуваат на неговата позиција. Не брзаме со неговото враќање, само кога ќе биде 100% подготвен ќе го видиме повторно во акција.
Имаме различни опции за негова замена – Рафиња, Фермин, Пау Виктор, Пабло Торе, Дани Олмо… дури и Гави, зошто да не? Кога ќе го прашам, ми вели дека може да игра секаде. Тој дава се од себе на секоја позиција и подготвен е да игра како стартер“, објасни Флик.
Ламин Јамал заработи повреда на десниот скочен зглоб на натпреварот против Црвена Звезда во Лигата на шампионите, поради што беше надвор од таборот на шпанската репрезентација за натпреварите од Лигата на нации

