Српскиот велемајстор Александар Инѓиќ победи на Европското индивидуално првенство во стандарден шах кое се одигра овој месец во Петровац, Црна Гора, а тоа беше причина плус нашиот веб-портал ДЕРБИ да направи ексклузивно интервју со него.
На македонскиот шаховски аудиториом Инѓиќ му е познат како прва табла на ШК Алкалоид за време на последните три државни првенства, каде што секоја екипа има право на двајца странски играчи, при што „фармацевтите“ од година во година се потврдуваат како најдобар клуб во државата.
ДЕРБИ: Можеби е клише прашање, но имајќи предвид дека на овој турнир влезе како 33 играч по рејтинг, дали се надеваше дека можеш да ја освоиш титулата?
– Пред почетокот на турнирот имав цел да бркам пласман меѓу првите 20, бидејќи со тоа се обезбедуваше учество на Светскиот куп. Турнирот добро се одвиваше и некаде од средина на турнирот мојата цел се смени и решив да одам на победа. За тоа веројатно беше пресудна победата над прворангираниот играч Федосеев.
Комплетното интервју може да го прочитате на следниот ЛИНК

