Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Во Скопје одржан настанот „Поттикнување на женското претприемништво во спортот“
    Домашен микс

    Во Скопје одржан настанот „Поттикнување на женското претприемништво во спортот“

    risteBy riste25/11/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    За првпат досега кај нас се организираше настанот „Поттикнување на женското претприемништво во спортот“, кој имаше за цел да го стимулира претприемачкиот дух кај жените кои се вклучени и дејствуваат во спортската индустрија. Настанот вклучуваше говорници од различни сектори, кои ги споделија искуствата околу успешно партнерство помеѓу спортскиот и приватниот сектор, стратегии како да се надминат бариерите во започнување и оддржување на успешно претприемништво и какви можности и перспективни постојат во спортскиот сектор и бизнис.

    Во рамки на настанот, првата сесија беше инспиративна во која говорничките Нина Ангеловска, Елена Бубало Михајловска ги споделија своите претприемачки приказни, додека втората сесија беше посветена на клучни чекори за остварување на соработка и спонзорски договори помеѓу приватниот или корпоративниот свет и женскиот спорт, во која говорниците Виктор Мирчевски од Конект, Форсина Бошкова од А1 и Софија Гошева Чоланческа од Академијата за жени претприемачи истакнаа клучни чекори и препораки за успешен развој во овој домен.

    „Верувам дека овој настан е важен поттик и чекор напред кој отвора нови можности и перспективи за жените и женското претприемништво. Сакаме да видиме што поголем број на жени кои ќе го остварат својот претприемачки дух во спортскиот бизнис и иновации зашто омоќувањето на жените е тесно поврзано со нивната економска стабилност и финансиска независност“ изјави Силвија Митевска директорка на Спорт Соушал Солушнс, организатори на настанот.

    Третата сесија беше посветена на дискусија околу лидерските способности на жени претприемачки, овозможувачката средина и како спонзорството влијае на професионализација на женскиот спорт, во која говореа Ирена Јакимова, основачка на Инспирит Коучинг Валентина Дисовска од Здружение на бизнис жени и Александра Терзиевски од ЖФК Тиверија Брера.

    Настанот се организира во рамки на проектот Фер Игра – Поддршка за родова еднаквост во спортските политики, координиран од Македонскиот Олимписки Комитет, во партнерство со Македонскиот Центар за меѓународна соработка, Параолимпискиот Комитет и Спорт Соушал Солушнс. Проектот е финансиран од Европската Унија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.