Фудбалерите на Барселона одиграа нерешено кај Селта 2:2 во рамките на шпанскиот шампионат а нивниот тренер, Ханси Флик, не крие дека е разочаран од резултатот.
„Одигравме многу лош натпревар. Не се работи само за последните 10 минути. Направивме премногу грешки и не ја контролиравме добро топката“ – вели Флик.
„Многу му ја олеснивме работата на нашиот противник. Игравме слабо во текот на целиот меч и тоа мора да се корегира“ – потенцираше тренерот на Каталонците.