Рубен Аморим не е задоволен од прикажаното на мечот со Ипсвич откако неговиот Манчестер Јунајтед одигра само 1:1. Португалецот во деби-мечот на клупата на „црвените ѓаволи“ не успеа да стартува со победа.
„Се чувствував како моите фудбалери да размислуваат премногу пред да донесат одлука. Неколку пати ја губевме топката без да бидеме под притисок“ – вели Аморим.
„Во некои ситуации едноставно не реагираме во вистинско време и тоа треба да се коригира што побрзо“ – изјави Аморим.