Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот објави дека Трент Александер-Арнолд најверојатно нема да одигра минутажа на натпреварот против Реал Мадрид во главната фаза од Лигата на шампионите.
Дефанзивецот се опоравува од повредата и веќе тренира со тимот, но се чини дека нема да биде подготвен да почне и нема да ризикуваме. Смешно е што зборувате за нашите повреди бидејќи повеќето луѓе прашуваат само за повредите што ги има Реал Мадрид, но ние исто така имавме неколку неодамна. Трент е во тимот, но тој нема да биде достапен за почеток, можеби ќе ги добие неколку минути, но веројатно нема да влезе. Ако навистина треба, може да се појави на теренот неколку минути“, рече Арне Слот.
Средбата меѓу Ливерпул и Реал Мадрид се игра утре (среда, 27 ноември), во 21:00 часот.

