Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Пеп Гвардиола: Играме добро, но не победуваме !
    Фудбал

    Пеп Гвардиола: Играме добро, но не победуваме !

    risteBy riste27/11/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше разочаран по ремито со Феенорд во Лигата на шампионите. Натпреварот од 5. коло од главната фаза заврши со резултат 3:3. Манчестер Сити прими три гола, иако водеше со 3:0 во 75. минута од натпреварот.

    „При 3:0 одигравме добро, но потоа примивме многу голови бидејќи бевме неконстантни. Ги оставивме да го постигнат првиот гол, па вториот, па беше тешко“, започна Пеп Гвардиола.

    „Во последно време губиме многу, ранливи сме и секако ни требаше победа, а играта ни даде самодоверба. Не знам дали ова има врска со психологија. Првиот гол не требаше да се постигне, ниту вториот. После тоа заборавивме на се што се случи, бевме очајни да победиме“, додаде менаџерот на англискиот шампион.

    „Играме добро, но не победуваме. Ситуацијата е таква каква што е. Одигравме добар натпревар, но на ова ниво не можеме да си дозволиме таков настап. Сега не сум подготвен да размислувам за преостанатите три натпревари од ЛШ. Мора да се опоравиме и да се подготвиме за следниот натпревар. Ако не можеме да победуваме како денешните, ќе ни биде тешко“, изјави тренерот на Манчестер Сити.

    Манчестер Сити продолжува со падот. Тимот нема победа во 6 последователни натпревари – 5 порази и едно реми. На 1 декември тимот се соочува со Ливерпул на „Енфилд“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.