Менаџерот на англискиот Арсенал Микел Артета проговори за натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со португалскиот Спортинг (5:1).
„Да доминираш и да постигнуваш голови против тим кој нема загубено натпревар 18 месеци не е лесна задача и секако успеавме. Очигледно сме многу разочарани од тој агол. Успеаа да постигнат гол и можеше да се види нивниот квалитет, колку добро беа организирани, колку добро се подготвија за нас. Загубивме од Интер, но исто како и на тој натпревар, бев многу горд на начинот на кој тимот играше и доминираше во играта. Во овие два натпревари по ред резултатите беа различни, но играта беше одлична“, изјави Артета за официјалниот сајт на УЕФА.

