Екипата на Барселона не наиде на посебни потешкотии на домашен терен против Брест во Лигата на шампионите, победувајќи со 3:0. Освен по победата, натпреварот ќе остане запаметен и по постигнувањето на Роберт Левандовски.
Полскиот напаѓач постигна два гола, постигнувајќи ги 100-от и 101-от гол во најелитното клупско натпреварување.
На овој начин напаѓачот се приклучи на друштвото на Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои до вчера беа единствените фудбалери во Клубот 100.
Од почетокот на сезоната, Левандовски постигна 22 гола во сите натпреварувања и продолжува да биде еден од најконстантните стрелци во Европа и покрај неговата 36-годишна возраст.

