Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Женската фудбалска репрезентација на Македонија ги започна подготовките за двата контролни меча со Црна Гора
    Фудбал

    Женската фудбалска репрезентација на Македонија ги започна подготовките за двата контролни меча со Црна Гора

    risteBy riste27/11/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Женската А репрезентација на Македонија денеска во Скопје официјално ги започнува подготовките за двата контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора.

    Контролните натпревари помеѓу Македонија и Црна Гора ќе бидат одиграни на 30. ноември со почеток во 13. часот и  3. декември со почеток во 12. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

    Селекторот на женската А репрезентација на Македонија, Александар Андов ги сподели своите очекувања пред двата тест натпревари со Црна Гора.

    „Целта на овие два контролни натпревари со Црна Гора пред се е да го задржиме континуитетот, да се подобриме во одредени сегменти и да ги отстраниме слабите страни во нашата игра. Сакаме да бидеме во најдобра физичка и ментална состојба пред почетокот на циклусот на натпревари од Лигата на Нации. Имаме јасна визија и цел за наредната година, а тоа е освојување на првото место во нашата група од новото издание на Лигата на нации.

    Репрезентацијата на Црна Гора е квалитетен противник, кој одигра одличен двомеч против Финска во баражот. Имаме одиграно неколку натпревари против нив и секогаш резултатски биле поуспешни од нас. Но, тоа е минато, ние сме во фаза каде што градиме нова репрезентација која ќе биде конкурентнта и подготвена за секакакви предизвици.

    Претходните квалификации за пласман на ЕП беа успешни за нас, со оглед на тоа што до последниот меч бевме втори во групата и со победа ќе успеевме да влеземе во баражот, но нашето неискуство да играме под притисок си го направи своето. Можам да кажам дека од меч во меч растеме како тим, во континуитет има подобрување во нашата игра, се наоѓаме на вистинскиот пат.

    Имаме добра група во Лигата на нации. Косово и Летонија се сериозни репрезентации кои имаат голем напредок во нивната игра. Нема повеќе место за изговори. Имаме одлична и вистинска можност пред нас која треба да ја искористиме максимално. Сакаме да се покажеме во добро светло и до го освоиме конечно првото место во нашата група“ истакна селекторот Андов.

    Нашата најдобра женска репрезентација на 21. февруари против Косово на домашен терен го започнува настапот во новото, второ по ред издание на Лигата на Нации 2025 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.