Реал Мадрид стана првиот актуелен победник во Лигата на шампионите кој загубил три натпревари од групната фаза по освојувањето на титулата, објави „Опта Спорт“ на својата страница на социјалните мрежи X.
Да потсетиме, во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, Реал загуби од Ливерпул со резултат 0:2. Претходно мадридскиот клуб загуби од Милан и Лил.
Реал Мадрид моментално се наоѓа на 24. место на табелата во Лигата на шампионите со шест бода. Во преостанатите три натпревари во групната фаза на турнирот, тимот од Мадрид ќе ги игра со Аталанта, РБ Салцбург и Брест.

