Изминатите два дена, на 26 и 27 ноември се одиграа 18 натпревари од 5.коло од групната фаза на Лигата на шампионите, на кои екипите постигнаа 67 голови.
Според прес-службата на УЕФА, оваа бројка е рекордна во историјата на турнирот. Претходниот рекорд беше поставен во 1. коло од Лигата на шампионите во сезоната 2000/2001, кога на 16 натпревари беа постигнати 63 гола.
Да напоменеме дека на 26 ноември во првите девет натпревари од 5.коло беа постигнати 40 голови, што е втора најголема бројка во историјата на турнирот во еден натпреварувачки ден.
Во моментов на чело на табелата е Ливерпул кој има 15 бодови. Интер е на второто место со 13 бодови, а Барселона е на трета со 12 бодови.

