Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа даде коментар по натпреварот кој неговиот тим го загуби со 2:0 на „Енфилд“ од Ливерпул. Според него, отсуството на повредените играчи не може да биде оправдување за поразот.
„Мислам дека Ливерпул е еден од најсилните тимови во Лигата на шампионите во моментов. Игравме добро, добро се браневме, но во нападот ни беше тешко да создадеме каква било опасност. Имавме добри контра напади, но не ги завршивме добро. Ова е тешко. Во вториот дел имаа предност, а ние за жал го промашивме пеналот. По вториот гол, работите се искомплицираа многу.
Добро се снајдовме во второто полувреме. Недостасуваат играчи, но тоа не е оправдување. Загубивме од подобар тим и мора да го прифатиме тоа. Сега треба да победиме против Аталанта, а потоа и двата натпревари во јануари, па ќе видиме што ќе се случи. Згора на тоа, се повреди и Камавинга. Најверојатно ќе биде надвор од терените две или три недели. Но, ние мора да продолжиме да се бориме. Раул Асенсио одигра одлично против Ливерпул. Има и други деца во Кастиља и Јувенил А кои можат да ни помогнат“, коментира Тибо Куртоа.

