Германски „Спорт Билд“ објави дека РБ Лајпциг ќе бара околу 15 милиони евра за продажба на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас оваа зима.
Елмас дојде во редовите на „биковите“ минатата зима од Наполи за 24 милиони евра, но не успеа да се наметне на Ред Бул Арената. 25-годишниот Елмас забележа само една асистенција на 22 натпревари за Лајпциг.
Нашиот репрезентативец моментално е надвор од терените поради повреда на тетивата што ја заработи за време на неодамнешната репрезентативна пауза. Повредата најверојатно ќе го оддалечи до крајот на годината, што значи дека можеби веќе го одиграл и последниот натпревар за Лајпциг.
„Продажбата на Елмас треба да ја отвори вратата за Лајпциг да биде активен на трансфер пазарот кога станува збор за доведување нови играчи“, пишува „Спорт Билд“.

