Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, планира да работи само со сегашниот ростер и нема намера да ангажира нови имиња, објавија дел од медиумите на Островот.
Според –„Скај Спорт“, португалскиот стручњак не најавил дека сака да направи трансфери во текот на зимскиот преоден рок.
Тој во првите два меча на клупата на „црвените ѓаволи“ има победа против Бодо во Лига Европа и реми со Ипсвич во Премиер-лигата на Англија.