Првиот голгетер на Баерн (Минхен), Хари Кејн, ќе биде надвор од терените околу две недели откако заработи повреда на вчерашното дерби со Борусија Дортмунд одиграно во рамките на Бундес Лигата.
31-годишниот фудбалер сигурно ќе го пропушти дуелот со Баер Леверкузен во Купот на Германија закажан за во вторник како и натпреварите против Хајденхајм, Шахтјор Доњецк (ЛШ) и Мајнц.
Баварците се надеваат дека Англичанецот ќе биде подготвен за мечот против РБ Лајпциг на 20 декември.

