Според гласините од Островот, раководството на Борнмут очекува да ги разгледа сите понуди кои оваа зима ќе пристигнат за Антоан Семењо. Некои медиуми тврдат дека Борнмут, сепак, нема да го продаде фудбалерот оваа зима, но трансфер на лето е сериозно веројатен.
Ливерпул покажува интерес за крилниот напаѓач и „црешите“ нема да му застанат на патот, доколку Семењо одлучи да замине. Сепак, летен трансфер ќе биде најверојатното сценарио, бидејќи Борнмут не сака да го урива тимот на половина од сезоната.
Семењо е „едно од имињата“ на радарот на Ливерпул кои потенцијално ќе го заменат Мохамед Салах, бидејќи тој е се поблиску до заминување од „Енфилд“.

