Иднината на Алфонсо Дејвис беше предмет на сериозни шпекулации во последните месеци. Договорот на 24-годишниот дефанзивец истекува на лето и досега сите извештаи говорат дека тој се договорил за трансфер во Реал Мадрид како слободен играч.
Сепак, последните гласини од Минхен го кажуваат токму спротивното. Според информациите на „Спорт 1“, фудбалерот се оддалечува од „Сантијаго Бернабеу“ и е се поблиску до потпишување на нов договор со Баерн.
24-годишниот Канаѓанец е еден од најквалитетните играчи на својата позиција и фактот што станува слободен играч го прави уште повеќе атрактивен на трансфер пазарот. За него е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но се чини дека „црвените ѓаволи“ нема да успеат да го убедат да ја прифати нивната понуда.
Дејвис дојде на „Алијанц Арена“ од Ванкувер во 2019 година за 14 милиони евра. Во последните години тој стана клучен играч за Баерн, со 213 настапи, 11 голови и 34 асистенции за клубот.

