Поранешниот голман на фудбалскиот состав Милан, Дида, имаше ласкави зборови за првиот чувар на мрежата на „росонерите“, Мајк Маињан.
Легендата на клубот од Италија вели дека 29-годишниот Французин има потенцијал да биде најдобар на светов. „
„Работев со него. Тој е одличен на гол-линијата“ – вели Бразилецот кој играше за Милан од 2000 до 2010 година.

