Фудбалерите на Милан доцна синоќа го совладаа Сасуоло со убедливи 6-1 во Купот на Италија а нивниот тренер, Паоло Фонсека, не крие дека е презадоволен од прикажаното.
„ Влеговме многу сериозно во мечот. Задоволен сум од односот на играчите. Секогаш сум велел дека имам верба во нив и затоа сите добиваат шанса да настапат“ – потенцираше тренерот на „росонерите“.
„Во минатото имавме проблеми на одредени средби но, сега покажавме голем напредок. Резултатот го покажува тоа“ – изјави тренерот на Милан.
