Манчестер Сити на домашен терен вечерва го пречекува Нотингем Форест, меч на кој ќе ја брка првата победа по осум натпревари без триумф. На прес-конференцијата пред мечот, меѓу другото, се зборуваше и за се почестото отсуство од првиот тим на една од ѕвездите на тимот, Де Брујне. Гвардиола малку и нервозно одговори на ова прашање од новинарите истакнувајќи дека нема никаков проблем меѓу него и Кевин.
„Луѓето велат дека имам проблем со Кевин. Мислите дека ми се допаѓа да не играм со Кевин? Дека не сакам Кевин да игра? Момчето кое има најмногу талент. Дека имам личен проблем со него после девет години заедно? Па тој го донесе најголемиот успех во овој клуб. Очаен сум да го извадам најдоброто од него. Тој беше повреден пет месеци лани и два месеци годинава. Тој има 33 години. Му треба време повторно да го најде најдоброто од себе“, изјави нервозниот Гвардиола.
Оваа сезона Кевин Де Брујне беше стартер на само пет од вкупно 11 натпревари на кои се појави на теренот.

