Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, ќе потпише нов договор со клубот откако ќе постигне целосно разбирање со раководството, објави новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг.
Според информациите, офанзивниот играч за врска ќе потпише петгодишен договор, добивајќи годишна плата од 25 милиони евра или вкупно 125 милиони евра за периодот до јуни 2029 година. Актуелниот договор на 21-годишниот фудбалер е до јуни 2026 година, а германскиот репрезентативец заработува 8 милиони евра годишно.
Мусиала се пресели во Баерн Минхен во 2019 година од Челзи и го имаше своето професионално деби една година подоцна. Во тој период, 21-годишниот сестран офанзивец забележа 174 настапи за Баварците во сите натпреварувања, постигнувајќи 50 гола и 35 асистенции.
Оваа сезона 21-годишниот играч одигра 10 натпревари и постигна 6 гола. Талентираниот фудбалер за германската репрезентација дебитираше во 2021 година, а досега одигра 36 натпревари на кои успеа да постигне 6 гола и 8 асистенции.

