Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, застана во одбрана на напаѓачот Килијан Мбапе кој промаши пенал на вчерашното гостување кај Атлетик Билбао. На крајот, „белите“ загубија со 2:1.
„Мбапе можеби не е во најдобра форма но, треба да му дадеме време да се адаптира. Имаме тројца изведувачи на пенали: Мбапе, Белингем и Винисиус“, изјави италијанскиот стратег.
Интересен е податокот дека Мбапе за прв пат во кариерата промаши дури четири пенали во една година.

