Напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокерес постигна гол на натпреварот од 13. коло на португалскиот шампионат со Мореиренсе, кој се одигра синоќа.
Постигнатиот гол беше 60-ти за шведскиот фудбалер во 2024 година. Од своите 60 гола, Ѓокерес постигна 10 додека играше за шведската репрезентација.
Да потсетиме, на крајот на 2023 година најдобар стрелец беше напаѓачот на Ал-Наср и португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, кој 54 пати го погоди противничкиот гол.
Сегашниот договор на Ѓокерес со клубот е до летото 2028 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 70 милиони евра.

