Тренерот на Манчестер Сити , Пеп Гвардиолa, идентификуваше четворица играчи од сегашниот состав на Сити кои ќе бидат ставени на трансфер листа, објави „Ел насионал“.
Според информациите, играчите кои целосно го разочарале шпанскиот стручњак со нивната игра на позадината на неодамнешните лоши резултати на тимот се напаѓачот Џек Грилиш, играчите од средниот ред Матеус Нуњез и Џејмс Мекати, како и десниот бек Кајл Вокер.
Се нагласува дека Грилиш и Нуњез не биле во можност да ја оправдаат инвестицијата во нивното купување. Мекати не го убеди Гвардиола во неговото ниво на игра. Шпанскиот специјалист е незадоволен и од уназадувањето на 34-годишниот Вокер.

