Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Рубен Аморим во изјавата која ја дадеја покажа неговата искреност, но не ги израдува навивачите на тимот, особено што Португалецот само што пристигна на „Олд Трафорд“.
„Ние сме огромен клуб, но не сме врвен тим. Не сме меѓу најдобрите тимови во лигата и не гледам проблем да го кажеме она што сите го знаат. И во минатото нашиот клуб беше веројатно најдобар во Англија. Значи имаме проблем. Мора да се фокусираме на малите нешта и потоа ќе станеме подобри како тим“, изјави Аморим на прес-конференцијата пред дуелот со Нотингем на „Олд Трафорд“ кој се игра денеска.
Откако Португалецот го презеде Манчестер Јунајтед, тимот покажа подобрување, но се искачи само едно место на табелата по смената на Тен Хаг. Според Аморим, тимот може да ја освои Премиер лигата само ако играчите трчаат како бесни кучиња. Проблемот во моментов е бројот на натпревари – Аморим ја започна својата магија во Јунајтед со 11 натпревари за 37 дена. За споредба, неговиот стар клуб Спортинг има седум натпревари во истиот период. Тоа е она што ја прави невозможна работата за подобрување на кондицијата.
„Ако сакаме да ја освоиме Премиер лигата, мора да трчаме како луди кучиња. Дури и со најдобрите стартни 11 на планетата, без трчање нема да освојат ништо“, нагласи Аморим.

