Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах се договори за нов договор со клубот, што е одлична вест за навивачите на „црвените“. Како што е познато, актуелниот договор на Египетскиот играч со клубот е до крајот на тековната сезона.
„Мирор“ пишува дека Салах ќе потпише договор на уште две години со Ливершул, откако веќе постигнале договор за тоа.
Шпекулациите околу иднината на крилниот напаѓач во последно време многу се зголемија, а тој беше поврзуван со трансфер во Пари Сен Жермен, особено откако јавно го изрази своето разочарување што не добил понуда од Ливерпул.
Се известува дека агентот на играчот, Рами Абас, сакал да го продолжи договорот со својот клиент за три години, додека раководството на Ливерпул првично биле подготвени да понудат продолжување на една година.
На крајот двете страни најдоа компромис во средина и 32-годишниот Салах ќе го продолжи договорот на две години. Египќанецот заработува околу 400.000 фунти неделно во Ливерпул, а парите не се главен фактор во неговата одлука за неговата иднина.
„Црвените“ работат на продолжување на договорите со уште двајца свои клучни играчи – капитенот Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд. Во последните часови беше објавено дека Холанѓанецот ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот, додека англискиот бек продолжува да биде привлекуван од интересот на Реал Мадрид. И на двајцата договорите им истекува следното лето.

