Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Баер Леверкузен заинтересиран за Арда Ѓулер од Реал Мадрид
    Фудбал

    Баер Леверкузен заинтересиран за Арда Ѓулер од Реал Мадрид

    risteBy riste10/12/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Баер Леверкузен е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, откри германскиот новинар Флоријан Платенберг.

    „Фармацевтите“ го следат турскиот интернационалец уште од неговото време во тимот на Фенербахче, но потоа тој одбра кариерата да ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“.

    Во оваа фаза, шансата Арда Ѓулер да се пресели во Леверкузен во зима е минимална. Ниту Реал Мадрид, ниту самиот играч сериозно не размислуваат за можноста тој да биде префрлен во друг клуб до крајот на сезоната.

    „Ендрик и Арда Ѓулер нема да го напуштат Реал Мадрид. И двајцата остануваат. Не сум пристрасен кон младите. Во текот на мојата кариера типував на многу млади играчи“, изјави тренерот на шпанскиот гигант, Карло Анчелоти.

    Турскиот интернационалец од почетокот на сезоната има постигнато еден гол на 17 натпревари во сите натпреварувања. Баер Леверкузен нема да се откаже од идејата да го ангажира, но тоа може да се случи на лето доколку Реал реши дека би било добро играчот од средниот ред да стекне искуство како стартер и да се согласи да го пушти на позајмица.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.