Денеска во просториите на ФФМ беа формирани двојките за 1/4 финалната фаза во фудбалскиот Куп на Македонија.
Струга ТЉ ќе игра против Гостивар, екипата на Детонит Плачковица ќе оди на мегдан со Шкендија. Составот на Брера А.П. ќе излезе на теренот против Аресими додека Вардар ќе има дуел со Силекс.
Натпреварите ќе бидат одиграни на 26. февруари 2025 година со почеток во 14:00 часот а победниците ќе одат во полуфиналето.

