Микаел Артета откри дека Арсенал е подготвен да донесе нови засилувања во претстојниот јануарски преоден рок, откако тимот влезе во криза со повредите. Арсенал би можел да остане без седум играчи на денешното гостување во Лигата на шампионите против Монако што само дополнително создава проблеми да се одржи ритамот на настапи на „топчиите“.
Бен Вајт и Томијасу имаат повреди на коленото, додека Габриел, Калафиори, Тимбер, Зинченко и Партеј не се појавија на последниот тренинг, исто така поради повреди.
„Прозорецот ни дава можност да го засилиме тимот ако сметаме дека тоа е потребно. Чувствуваме дека имаме капацитет да го направиме тоа, па ќе видиме“, објасни Артета, не сакајќи да зборува за потенцијални засилувања во јануари.