Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, ќе мора да оди на дополнителни лекарски прегледи по што ќе биде утврден и датумот кога ќе може да се врати на терените.
Тој заработи повреда на лигаментите на скочниот зглоб на десната нога на мечот со Барселона одигран во рамките на 6 коло во Лигата на шампионите.
Иако првичните најави беа дека 25-годишниот Германец ќе отсуствува подолг период, сепак од клубот наведуваат дека повредата не е тешка и дека процесот на рехабилитација ќе трае пократко од очекуваното.

