Нашата најдобра селекција е во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот во 2026 година во САД, Мексико и Канада. Селекторот, Благоја Милевски вели дека може да се надеваме на добри резултати.
„ Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман. Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција.Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата“ -изјави Милевски за сајтот на ФФМ.
„За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување” – потенцираше Милевски.