„Тутоспорт“ тврди дека директорот на Јувенту Џунтоли и тренерот Тиаго Мота се согласиле околу обидot за ангажирање на Давид Ханко од редовите на Феенорд.
Словачкиот репрезентативец игра квалитетно во составот од Ротердам и го привлекол вниманието на Јувентус, а Џунтоли поради него го следел и дуелот на Сити и Феенорд. Од друга страна, медиумот од Торино пренесува дека и агентот на Ханко бил на трибините на „Алијанц“ на неодамнешното соочување меѓу Јувентус и Сити во Лигата на шампионите.
Цената на Ханко е најмалку 35 милиони евра, па „бјанконерите“ ќе се обидат да го доведат првично на заем, за инвестицијата да ја комплетираат во летниот преоден рок.
26-годишниот фудбалер може да игра како стопер и лев бек и тоа оди во прилог на актуелните потреби, а веќе има искуство во Италија откако кратко беше член на Фиорентина.