Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Кик-боксот има 6 номинации за најдобри спортисти на Македонија оваа година
    Домашен микс

    Кик-боксот има 6 номинации за најдобри спортисти на Македонија оваа година

    sasoBy saso15/12/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успех и спортско достигнување од причина што од вкупно 6 номинации кои се однесуваат на индивидуалниот спорт во нашата држава, токму оваа федерација е единствена која што има номинирани спортисти, селектор и самата федерација во сите 6 номинации.

    Номинации во кои Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија учествува со свои спортисти, селектор и федерација се следните:

    1 – Спортист на годината – Бобан Илиоски, 1-во место во категорија -86кг., на ЕП во кикбокс маитаи, одржано во Атина, Република Грција

    2 – Спортистка на годината – Леа Бошевска, кикбокс маитаи, 5-то место во категорија -50кг., на ЕП, одржано во Атина, Република Грција

    3 – Млад спортист на годината – Силвио Мировски-кикбокс маитаи, 1-во место во категорија 71кг., на СП, одржано во Будимпешта, Република Унгарија

    4 – Млада спортистка на годината – Марија Димовска-кикбокс маитаи, 1-во место на СП, одржано во Будимпешта, Унгарија

    5 – Најуспешен тренер/селектор – Дејан Митровски-кикбокс и маитаи

    6 – Најуспешна национална спортска федерација – Кикбокс маитаи федерација на Македонија

    „Само оваа година кикбокс репрезентацијата настапи на 10 меѓународни кикбокс натпревари од највисок ранг и од истите имаме освоено вкупно 105 медали (31 златна, 27 сребрени и 47 бронзени медали)“, вели Дејан Митровски – Урко претседател на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.