Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Велез Сарсфилд е новиот шампион на Аргентина по драматичен крај на сезоната
    Фудбал

    Велез Сарсфилд е новиот шампион на Аргентина по драматичен крај на сезоната

    risteBy riste16/12/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Велез Сарсфилд ја освои титулата во Аргентина по 11-ти пат во нивната историја, откако на домашен терен го совлада Хуракан со 2:0 во натпревар од последното коло. Триумфот за тимот предводен од Густаво Кинтерос доаѓа 11 години по претходната титула и 30 години по освојувањето на Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот куп.

    Овогодинешниот шампионат беше доста интересен, бидејќи пред последните натпревари дури три екипи имаа шанси за првото место. Талерес отпадна од игра по поразот на домашен терен од Њуелс Олд Бојс со 3:1. Тимот од Кордоба беше во серија од пет победи, но потфрли против противникот кој заврши на 25. место во конечниот пласман.

    Хуракан можеше да стане и шампион доколку успееше во директната битка против Велез. Двата тима влегоа во решавачкиот дуел со два разлика во корист на домашните. Тие ќе беа задоволни со нерешено благодарение на голот на Талерез, но наместо тоа го добија решавачкиот натпревар и ги воодушевија навивачите на преполниот стадион „Хозе Амалитифани“ во главниот град Буенос Аирес.

    Клаудио Акино го отвори резултатот во корист на Велез во 30. минута. Непосредно пред паузата домашните постигнаа втор гол, а стрелец беше Демијан Фернандез.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.