Англискиот играч за врска на Реал Мадрид Џуд Белингам го повтори историското достигнување во шпанското првенство од пред 72 години.
Според информациите, Белингем, кој постигна гол на шест натпревари по ред во Ла Лига, стана првиот играч по поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Роке Олсен, кој постигнал ваква серија без да биде напаѓач.
Земајќи го во предвид голот против Рајо Ваљекано во 17. коло од Ла Лига (3:3), Белингем погоди против Џирона, Атлетик, Хетафе, Леганес и Осасуна.
Да потсетиме дека оваа сезона на 19 натпревари во сите конкуренции за клубот Џуд постигна седум гола и четири асистенции.

