Тренерот на фудбалерите на Рома, Клаудио Раниери, вели дека неговиот тим заслужи да загуби од Комо бидејќи домаќините покажале поголема желба за победа и ги заслужиле трите бода.
„Комо повеќе ја посакуваше победата. Во вториот дел игравме нешто послабо, но сепак имавме шанси за гол. Не можам да ги обвинувам момците, но домашните не надиграа во однос на желбата“, изјави Раниери.
„Јасно е дека кога Дибала, Ел Шарави и Салемејкерс се на теренот во исто време, имаме поголема разновидност во нападот. Иако резултатот беше лош, видов позитивни работи во настапот на тимот“ – додаде Раниери.

