Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Италија или Германија ќе бидат домаќини на финалето на Лигата на нации
    Фудбал

    Италија или Германија ќе бидат домаќини на финалето на Лигата на нации

    risteBy riste17/12/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Италија или Германија ќе бидат домаќини на финалето на Лигата на нации во јуни. Ова синоќа го соопшти УЕФА.

    Репрезентациите на двете земји се соочуваат една со друга во четврт-финалето во март, при што победникот од двојката ќе биде домаќин на фајналфор натпреварите на домашен терен.

    Финалето ќе се игра меѓу 4-ти и 8-ми јуни, бидејќи тоа се елиминациски натпревари. Покрај двете полуфиналиња, ќе се играат и натпревари за третото место, како и големото финале.

    Сепак, четвртфиналето е со реванш натпревари. Италија ќе биде домаќин на првиот натпревар на 20 март во Милано, а реваншот е три дена подоцна во Дортмунд. Останатите четвртфинални двојки се Португалија – Данска, Шпанија – Холандија и Франција – Хрватска.

    Доколку Германија ја исфрли Италија, финалето на Лигата на нации ќе се одржи во Штутгарт и Минхен. Само неколку дена порано – на 31 мај Минхен ќе биде домаќин и на финалето во Лигата на шампионите, што сериозно ќе ја олесни логистиката на натпреварот. Доколку победник е Италија, финалето ќе се одржи во Торино.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.