Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Зошто е подобро да се тренира на отворено во зима?
    Фудбал

    Зошто е подобро да се тренира на отворено во зима?

    risteBy riste17/12/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кога зимата ќе донесе пониски температури и кратки денови, многумина ја заменуваат физичката активност на отворено со тренинзи во затворени простории. Но, дали сте знаеле дека вежбањето на свеж воздух, дури и во студените месеци носи значителни здравствени придобивки?

    Експертите препорачуваат редовна физичка активност на отворено, дури и во зимски услови, бидејќи таа го подобрува физичкото и менталното здравје. Ова се некои од најважните бенефити од спортувањето на оторен простор во зимскиот период:

    Зајакнување на имунолошкиот систем

    Редовното тренирање на пониски температури го стимулира имунолошкиот систем и го прави организмот поотпорен на настинки и вируси. Телото учи да се адаптира на температурните промени, што помага да се одржи оптималната здравствена состојба.

    Поголема потрошувачка на калории

    Тренингот на студен воздух го зголемува согорувањето на калории, бидејќи телото троши повеќе енергија за да ја одржи телесната температура. Зимските тренинзи на фудбалски терен се одличен начин за одржување на физичката форма.

    Подобрување на расположението

    Зимската депресија и чувството на замор можат да се намалат со редовна физичка активност на отворено. Вежбањето под зимското сонце го зголемува нивото на серотонин – хормонот на среќата, што го подобрува расположението и го намалува стресот.

    Поттикнување на дисциплина и издржливост

    Тренингот во зима бара дополнителна дисциплина и мотивираност. За спортистите, ова е одлична можност да ја зголемат својата ментална издржливост и да се научат на упорност – клучни карактеристики за успех на теренот.

    Неодамна отвореното нов современо игралиште на ФК Аеродром во Ново Лисиче нуди идеални услови за зимски тренинг на отворено, дури и за најмладите спортисти. Новото игралиште на ФК Аеродром е дизајнирано да обезбеди оптимални услови за тренинг во текот на целата година. Со висококвалитетна подлога и современа инфраструктура, игралиштето е идеално место за сите кои сакаат да останат активни дури и во зимскиот период.

    Закажете термин и станете дел од фудбалското семејство на ФК Аеродром! Сега можете лесно да резервирате на официјалната веб-страница https://fkaerodrom.mk/ и да го изберете времето кое ви одговара.

    Нека зимата не ве спречи да останете активни! Посетете го фудбалското игралиште на ФК Аеродром и искусете ги придобивките од зимските тренинзи на отворено. Здравјето, енергијата и доброто расположение се само некои од бенефитите кои ќе ги добиете од зимската физичка активност.

    ПР текст

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.