Фудбалерот на Баерн Минхен Џошуа Кимих може да се пресели во Манчестер Сити. Англискиот клуб е заинтересиран да го ангажира германскиот играч за врска на лето како слободен играч, пренесуваат медиумите во Германија, за кои се смета дека се добро упатени во активностите околу Баварците.
Договорот меѓу клубот и фудбалерот е до 30 јуни 2025 година. 29-годишниот Џошуа Кимих ќе преговара за нов договор со Баерн, а поинтензивни разговори се очекува да има по 1 јануари. Играчот сам ќе преговара со клубот.
Играчот од средниот ред игра за Баерн од 2015 година. Тој одигра 14 натпревари оваа сезона во Првата Бундес лига и забележа три асистенции.

