Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу ја пофали победата на неговиот тим против Манчестер Јунајтед со 4:3 во „Карабао купот“.
Тој беше дециден дека играта е за навивачите и ваквите натпревари се пријатни за сите, но додаде дека фудбалерите треба да престанат да си го отежнуваат животот.
„Го сакам фудбалот, сакам да ги гледам тимовите како излегуваат и приредуваат шоу. Секако дека сакаме да бидеме успешни, но нема да успееме ако ги комплицираме работите како денес. Ми се допадна играта. Знам дека експертите се шокирани, веројатно мислат дека сум заборавил на тактиката. Но, ние не одиме на терен за да победиме со 1:0. Сепак, фановите се веројатно среќни. Се обидуваме да ги забавуваме луѓето и не гледам ништо лошо во тоа“, изјави менаџерот на Тотенхем.

