Манчестер Јунајтед сериозно размислува за трансфер на бразилскиот играч за врска од екипата на Аталанта, Едерсон. Тоа би можело да биде првото засилување на Рубен Аморим во клубот.
Новоназначениот шеф на „црвените ѓаволи“ наскоро ќе биде во позиција да ја започне својата иницијатива за регрутирање нови играчи кога ќе се отвори јануарскиот преоден рок и се очекува да направи некои големи промени.
Јунајтед мора да обезбеди свежина во тимот, а Едерсон би бил идеално освежување на средината. Според некои вести, Едерсон беше контактиран од Манчестер Ј. преку претставници на компанијата ИНЕОС која е сопственик на клубот.

