Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Тренерот на Џирона: Целта е да се биде во топ 7 на Ла Лига
    Фудбал

    Тренерот на Џирона: Целта е да се биде во топ 7 на Ла Лига

    risteBy riste21/12/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на шпанската Џирона, Мичел, го поздрави враќањето на неговата екипа на победничките патеки со победата од 3:0 на домашен терен над Ваљадолид во Ла Лига и повика на постојаност во вториот дел од сезоната.

    „Видов многу добар тим, особено во работите што ни требаа – поголема агресивност со и без топка. Одигравме многу добро“, рече Мичел на прес-конференцијата по натпреварот.

    „На претходните натпревари доминиравме со топката, но не бевме силни во шеснаесетникот, особено во нашиот. Не бевме тим што притискаше откако ќе ја загубиме топката. Денес агресивноста, притисокот беа неверојатни – за мене најдобар на сезоната“, додаде Мичел.

    „Мојата цел е тимот да биде меѓу седумте најдобри во првенството. Ќе видиме дали сме способни, се потпираме на нашата константност“, објасни Мичел и продолжи самокритично.

    „Ако ги погледнеме првите шест месеци од 2024 година, јас бев многу среќен, на тимот му одеше добро, беше лесно да се работи со него. Во последните неколку месеци не бев најдобро и морам да се подобрам за да го тренирам тимот“ заврши тренерот на Џирона.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.