Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Омерагиќ најави: Милевски останува селектор, ќе има промени во младинските селекции
    Фудбал

    Омерагиќ најави: Милевски останува селектор, ќе има промени во младинските селекции

    risteBy riste22/12/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Новиот прв човек на мак-фудбалот Масер Омерагиќ во својата прва изјава за медиумите најави дека веднаш ќе започне со работа, но исто така потенцираше дека не планира промена на селекторската позиција во А репрезентацијата на Македонија. 

    „Приоритетите се да имаме комплетна реконструкција на младинските категории каде работите не стојат добро. Ние не го искористивме пласманот на ЕП за да добиеме млади играчи. Таму стагнираме, имаме лоши резултати, па таму ќе направиме една реформа која во две години ќе покаже резултати. Сите треба да бидат расадник за репрезентацијата до 21 година, за потоа тие играчи да влезат во А-тимот.

    За волја на вистината, не се размислува за промени во сениорската репрезентација. Ние бевме први во групата, немам намера да влечам нефудбалски потези. И покрај кризата во играта, ние бевме први во групата. Во март започнуваме со квалификациите, не планирам никакви промени, се ќе зависи од резултатите и игрите понатаму“, рече новиот претседател на ФФМ.

    Најавени се промени во младинскиот фудбал, односно во младите репрезентации. Ова значи дека Македонија со Благоја Милевски на клупата ќе ги започне квалификациите за Светското првенство. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.