Тренерот на фудбалерите на Челзи, Енцо Мареска, вели дека се надминати очекувањата и дека неговиот тим не е фаворит за освојување на титулата во Премиер-лигата.
„Велам дека не сме таму бидејќи тоа е реалноста за мене. Ние сме пред очекувањата во однос на начинот на кој играме и бодовите“ – вели Мареска.
„Ливерпул е фантастичен од самиот почеток. Задоволни сме од тоа каде сме во моментов. Мислам дека Манчестер Сити ќе биде во борба до крајот“ – потенцираше тренерот на лондончани.

