Екипата на Ливерпул игра одлично во тековнава сезона во Премиер-лигата и го има првото место на табелата. Централниот бек и воедно капитен на тимот, Вирџил ван Дијк, изјави дека е премногу рано да се каже дека Ливерпул е фаворит за освојување на титулата.
„Имаме слично искуство, двапати бевме блиску до титулата и загубивме со многу мала разлика. Главната работа е да мислиме само на мечот што доаѓа“ – вели Ван Дајк.
„Не размислуваме за тоа што ќе се случи во мај, Сакаме да ја освоиме титулата, но знаеме колку е тешко“ – вели централниот стопер на тимот од „Енфилд“.

